Симетрична
брзина
Неограничен
трансфер
SLA
99.9%
Статичка
IP
Точка-до-точка
оптички линк
Бесплатна
проба
Симетрична брзина | Месечен трансфер | SLA 99.9% | Статичка ИП | Проактивен мониторинг | 24/7 подршка | Бесплатен тест | Цена |
---|---|---|---|---|---|---|---|
100/100 Mbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
200/200 Mbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
500/500 Mbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
1/1 Gbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
5/5 Gbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
10/10 Gbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
40/40 Gbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да | |
100/100 Gbps | Неограничен | Да | Да | Да | Да | Да |
Нашиот врховен фокус е да обезбедиме Интернет од највисока класа за професионални бизниси кои имаат потреба од брз и стабилен Интернет. Сите пакети нудат супериорна оптичка линија, симетричен download и upload, неограничен месечен сообраќај, SLA договор и статичка ИП за непрекината конекција. Услугата се доставува исклучиво преку точка-до-точка оптика која осигурува супер брз проток во споредба со технологијата за делба на оптички влакна.
Интернет пристапот базира на нашата телеком мрежа од провајдерско ниво, со пасија дизајнирана да обезбеди конекции со највисок квалитет од/до било која дестинација во светот, резултирајќи во неспоредлива брзина на трансфер и повеќе степена редундантност. Нашата Интернет услуга е во рангот на највисока класа на Интернет и не е во ранг со класичните пакети за оптички Интернет.
Поседуваме сопствена регионална мрежа која функционира во редундантна топологија, со два поголеми прстени на релација Македонија - Бугарија - Србија - Словенија - Хрватска - Босна - Црна Гора - Косово - Македонија и Македонија - Грција - Бугарија - Македонија. Имаме три поголеми точки со рутирачка опрема надвор од Македонија во дата центри во Белград, Софија и Атина. Преку оваа мрежа се поврзуваме со провајдери директно во нивната најблиска точка во регионот. Поврзувањето е преку повеќе гео независни супер брзи линкови кои базираат на DWDM технологија која овозможува најниска латенција и највисок квалитет за проток.
Јадрото на нашата мрежа има терабитен капацитет за свичинг и проток. Секоја корисничка порта има загарантиран капацитет бидејќи секој L2/L3 уред дел од нашата мрежа (моделите се верификувани од Tolly и Miercom тестови) обезбедува неблокирачка технологија за проследување на пакети, што значи дека можат да процесираат максимален проток на сите големини на фрејмови (64-1518) на сите порти едновремено.
Оперираме со голема оптичка мрежа во наша сопственост. Имаме наши тимови и опрема за изведба, функционирање и одржување на пасивниот и активниот дел од мрежата, што ни овозможува да делуваме брзо за осигурување на гарантираното ниво на достапност.
Секоја оптичка врска се прави со фузија и се верифицира со детално мерење со ОТДР и RFC2544 Етернет тестер. Се користи дедицирана оптичка линија точка-до-точка до секој корисник, наместо технологија за делба на оптички влакна.
Вршиме постојан 24/7 проактивен мониторинг на корисничкиот и централниот дел на нашата мрежа, вклучувајќи непрекинато следење на јачината на оптичкиот сигнал за секој корисник. Користиме напреден мониторинг софтвер целосно развиен од наш интерен тим за програмирање, кој редовно се надоградува за да го пресретне напредокот во ИКТ индустријата.
Повеќето од вработените имаат инженерски сертификати во соодветното поле на експертиза. Се гордееме со следење и контрола на строги процедури со цел обезбедување стабилна, сигурна и конзистентна услуга.
Interspace помина строги услови и тестови за валидација од НБРМ. Обезбедуваме две Интернет конекции од висока класа, подржани со врвна SLA гаранција и зајакнат проактивен мониторинг за безпрекорни секојдневни операции на банката.
Interspace обезбедува приватна конекција помеѓу различни филијали на банката.
Interspace обезбедува Интернет од висока класа и приватна конекција помеѓу различни филијали на банката.
Interspace обезбедува редундантен Интернет пристап од високо ниво со BGP пиринг за Клириншка куќа КИБС АД Скопје, која врши дејност на оператор на платен систем за мали меѓубанкарски плаќања.
  Сите успешни приказни за банки
Дедициран Интернет пристап за канадска компанија за развој на софтвер, специјализирана за имплементирање напредни и иновативни решенија. Cosmic Development има канцеларии во Торонто, Белград, Скопје и Битола.
Дедициран Интернет пристап за високо развојна копмпанија за софтверски инженеринг, специјализирана за медицински системи, вештачка интелигенција и другa високо напредна технологија. Web Factory има канцеларии во Јапонија и Македонија.
Обезбедуваме конекции од висока класа за познати глобални копмании за развој на софтвер кои оперираат во Македонија, a имаат седиште во Канада, САД, Холандија, Данска, Шведска, Австрија, Германија и други европски земји. Некои од нив се водечки во дејноста.
  Сите приказни за софтверски компании
Посветени за беспрекорни услуги од највисока класа, обезбедени исклучиво преку системи од највисок квалитет.
Најдобри цени за категорија на перформанси. Прилагодени услови за вашата компанија.
Врховна посветеност за одржување на задоволството на клиентите на највисоко ниво.
SLA осигуран со 24/7 проактивен мониторинг за осигирување висока достапност за операции од критична важност.
Директен и брз контакт во било кое време со лица од продажба и техника дедицирани за вашата компанија.